La presentazione è in caricamento. Aspetta per favore

La presentazione è in caricamento. Aspetta per favore

Стратегии и инструменти за развој на ЈПП

Presentazioni simili


Presentazione sul tema: "Стратегии и инструменти за развој на ЈПП"— Transcript della presentazione:

1 Стратегии и инструменти за развој на ЈПП
Габриеле Паскуини Работна група за ЈПП, Претседателство на советот на Министри, Италија Модели и стратегии за јавно-приватно партнерство (ЈПП): искуства од Италија Регионална работилница за концесии / Јавно-приватни партнерства Тирана, декември 2007 1

2 Содржина Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите
Измени во законодавната рамка за ЈПП ( ) Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Кус преглед на италијанските ЈПП Како понатаму: обврски на UTFP за во блиска иднина

3 Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите

4 Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите
2000 Толковно соопштение за концесиите согласно Законодавството на Заедницата 2003 Упатства за успешни ЈПП – Европска комисија – ДГ Регио 2004 Одлука на ЕУРОСТАТ за сметководствен третман на ЈПП Директиви на ЕУ со кои се координираат постапките за доделување на јавните договори Зелена книга за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни договори и концесии Бела книга за услугите од јавен интерес 2005 Соопштение на ЕУ за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни набавки и концесии 2006 Резолуција на Европскиот парламент за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни набавки и концесии

5 Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите
Одлука на ЕУРОСТАТ за сметководствен третман на ЈПП (2004) Средствата вклучени во ЈПП треба да се класифицирани како невладини средства и според тоа да се водат вон билансот на состојба за владата ако двата следни услови се исполнети: Приватниот партнер го сноси градежниот ризик, и Приватниот партнер сноси барем еден од следниве ризици: ризикот за достапност или ризикот за побарувачка „Градежен ризик” покрива настани како што се задоцнета достава, непочитување на стандардите од спецификацијата, дополнителни трошоци, технички недостатоци и надворешни негативни ефекти „Ризик на достапност” при што партнерот може да се најде во состојба да не може да го испорача договорениот обем или да не може да исполни стандарди за безбедност или јавно сертифицирање во врска со давањето услуги на крајните корисници, онака како што е наведено во договорот „Ризик на побарувачка” покрива варирање кај побарувачката (погоелма или помала од очекуваната) без оглед на управувањето од страна на приватниот партнер

6 Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите
Зелена книга за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни договори и концесии( 2004) Дефинирање на ЈПП: форми на соработка помеѓу јавните власти и деловниот сектор чија цел е да се обезбеди финанисирање, изградба, реновирање управување или одржување на инфраструктура или давање на услуга Зелената книга обработува различни теми кои се директно поврзани со аспектот на јавни набавки на ЈП, особено: Рамката за постапката за избор на приватниот партнер и, особено, предностите во овој контекст на постапката на конкурентен дијалог која е воведена со новата Директива за јавни набавки Основање на ЈПП на иницијатива на приватниот сектор Договорната рамка и измени на договорот во текот на трењето на ЈПП Под-договарање

7 Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите
Соопштение на ЕУ за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни набавки и концесии (2005) „ЈПП не се волшебното решение: за секој проект неопходно е да се процени дали партнерството навистина додава вредност на конкретната услуга или јавна работа што е во прашање, во споредба со другите опции, како на пример склучување на потрадиционални договори” Класификација на ЈПП Договорни ЈПП Доделување на концесија Институционални ЈПП Преземање на заеднички потфат кој ќе биде во заедничка сопственост на јавен и приватен партнер со цел да се испорачуваат јавни услуги „Консултацијата (т.е. Зелената книга) покажа потреба од стабилно, конзистентно правно опкружување за доделување на концесии на ниво на ЕУ, особано за да се намалат трансакционите трошоци (преку намалување на законодавниот ризик) и општо земено за да се зголеми конкуренцијата” Последователни мерки на полето на ЈПП

8 Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите
Резолуција на Европскиот парламент за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни набавки и концесии (2006) „Ја повикува Комисијата сериозно да ги земе предвид регионалните интереси и да вклучи претставници како на регионалните, така и на локалните интереси при подготовката на идните правила” „Се противи на создавањето на посебен правен режим за ЈПП но цени дека постои потреба од законодавни иницијативи од областа на концесиите и од појаснување во врска со институционализираните ЈПП (ИЈПП)” „Се противи на создавањето на Европска агенција за ЈПП, но поздравува други начини на споделување на искуства во врска со најдобрите и најлошите практики, како што се создавањето мрежи од национални и регионални органи, одговорни за управување со ЈПП” Ја повикува комисијата да го појасни условот на „правна и финансиска сложеност“ под кој може да се усвои шема на конкурентен дијалог Смета цека сеопфатниот пристап кон набавките (концептот на животен циклус) и конкуренцијата помеѓу понудувачите, во смисла на иновација, води до подобрување на ефикасноста кога проектите се спроведуваат заеднички, кога поделбата на ризикот се оптимизира и кога има функционални спецификации и високо мотивирачки механизам за плаќање

9 Измени во законодавната рамка за ЈПП (2006 - 2007)

10 Измени во законодавната рамка за ЈПП (2006 - 2007)
Законодавен декрет бр. 163/2006 „Јавни набавки консолидиран текст” Со новите прописи се применуваат Директивите на ЕУ за јавни набавки (17&18/2004) и се заменува претходниот комплет регулатива, на тој начин консолидирајќи ја во 257 члена законодавната рамка во врска со јавните работи, услуги и стоки, како во традиционалните, така и во посебните активности ЧЛ. 30 Дефиниција на концесија за услуги ЧЛ. 58 Конкурентен дијалог. Флексибилна постапка за доделување на технички, правни или финансиски сложени договори која е особено прикладна за шеми на ЈПП ЧЛ. 61 Посебни постапки за развој на инфраструктура за домување преку шема на ЈПП ЧЛ. 142 Концесија по јавна иницијатива ЧЛ. 153 Концесија по приватна иницијатива 8

11 Измени во законодавната рамка за ЈПП - 2006
Закон бр. 286/2006 и Закон за Буџет „Нови прописи за договор за концесија за автопатишта” Тие прописи претставуваат валиден образец за кој било договор за концесија: Одредби за наменско јавно тело за следење и контрола на обврските на концесионерите во целиот тек на концесијата Одредби за широк спектар на казни во врска со различни степени на неисполнување на обврските, сè до одземање на целата концесија Обелоденување на постојните екстра профити поврзани со искористување на секундарни активности Поврат на екстра профитите што не се директно поврзани со ризикот што фактички го презел концесионерот. Зголемување на тарифите директно поврзано и пропорционално со планираните и фактички направените инвестиции Закон за буџет – Лизинг Воведување на лизингот како средство што стои на располагање за реконструкција, набавка, управување или одржување на инфрасттруктурата. 8

12 Измени во законодавната рамка за ЈПП - 2007
Закон бр. 223/2006 и Декрет на Претседателот на Советот на министри 1/31/2007 Пренесување на UTFP од Минстерството за еконимија и финансии на Советот на министри по пренесувањето на Меѓу-министерскиот комитет за финансиско планирање (CIPE) 8

13 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка

14 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Изјави за политиките Документ за економско и финансиско планирање „Вклучувањето на приватниот сектор во финанисрањето, изградбата и раководењето со инфраструктурата и со јавните услуги од областа на комуналните дејности е приоритет за југот на Италија и за остатокот од земјата“. Се признава дека учеството на приватниот сектор (УПС) во јавните услуги воведува подобри вештини за проектирање, изградба и управување, со што се подобрува квалитетот на услугите што им се нудат на крајните корисници. Документ за економско и финансиско планирање Владата очекува да финансира над 9 милијарди евра на нова инфраструктура преку приватни средства. Од приватниот сектор се учекува да обезбеди финансирање и преку заеми и преку акционерски капитал Документ за економско и финансиско планирање Силен акцент на инвестициите во инфраструктура, како еден од главните двигатели на економскиот раст Се очекува приватниот сектор да одигра водечка улога во изградбата, финансирањето и управувањето со новата инфраструктура, придонесувајќи со повеќе од 25 милијарди евра во период од пет години Дополнителен напредок во либерализацијата и приватизацијата на јавните услуги. Документ за економско и финансиско планирање „Со оптимизирање на приватното ко-финансирање и прилагодување на тарифите ќе се овозможи да се предвидат или прошират приоритетите“ Документ за економско и финансиско планирање „Неопходно е – во рамките на ограничувањата на достапните финансиски ресурси – да се развие регулаторна рамка во соработка со регионалната регулаторна рамка за да се започнат стратешки програми, главно насочени кон зголемување на понудата на станбен простор, кој ќе се изгради не само со јавни средства, туку исто така и преку ЈПП“ 8

15 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Работната група – организација Инспирирана од работната група PFI од Обединетото Кралство Основана со закон Претходни консултации со главните инволвирани партнери Група од 15 професионалци Правна, финансиска, техничка експертиза, избрана и од приватниот и од јавниот сектор. 8

16 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Работната група - Мисија Образовна улога Промовирање на техники за ЈПП Развој на методологија на ЈПП Идентивикување на успешни ЈПП проекти што треба да се повторат База на податоци за успешни ЈПП зделки Улога за помагање Помош од областа на ЈПП за централните, регионалните и локалните власти Од идентификација на соодветни проекти до оценка на понудите Интер-дисциплинарни вештини и експертиза Улога на „креирање политики“ Подобрување на законодавната рамка „Најдобри практики“ (стандардизација на практиките и договорите) 8

17 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
НАШИТЕ РЕЗУЛТАТИ Дефинирање на сет од успешни искуства Промовирање на „културолошки“ пробив на ЈПП Развивање на вештини за ЈПП на посветените службеници на сите владини нивоа Спроведување на регулаторната рамка „10 ПРАВНИ ПРАШАЊА” ПИЛОТ ПРОЕКТИ „СОВЕТ ЗА 4П” Мрежа на работни групи за ЈПП УПАТСТВА ЗА ЈПП ШЕМА ЗА КОНКУРЕНТЕН ДИЈАЛОГ ЕУРОСТАТ

18 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Успешни искуства ПИЛОТ ПРОЕКТИ чија цел е да го поддржат промовирањето на техниките на ЈПП. Ова е една од главните активности на UTFP и со неа се развиваат избрани пилот проекти на национално ниво. UTFP ги придружувал пилот проектите, придонесувајќи и документирајќи го искуството од проектите, помагајќи да се решат прашањата) правни, финансиски, итн) што се појавувале за време на проектниот процес и со тоа давајќи резултати за следни ЈПП проекти. Проектите што беа избрани се: Салерно – Реџио Калабрија (Автопат); Интермодални терминали Рим-Неапол-Милано (логистички инфраструктури); Торино – Лионе (железница); Квадрилатеро Марче – Умбрија (автопат).

19 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Помош за ЈПП за централните, регионалните и локалните власти UTFP има за цел да промовира техники на ЈПП на сите нивоа. Почитувајќи ги законите, „на нивно барање“ им дава поддршка на властите во која било фаза од постапката: Тригодишно планирање на инфраструктурата Оценка на предлозите (правна, финансиска, итн.) Подготовка на понуди Договорни спогодби Спроведување на договорот Помеѓу јуни 2004 и декември 2006 UTFP им помогна на 74 јавни власти и поддржа 110 проекти. Барањата дојдоа: 84% од локални власти 9% од регионални власти 7% од централните власти Помогнати се повеќе од 330 проекти од основањето на UTFP од 2000 год

20 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Стратешка инфраструктурна помош АКТИВНОСТ СТРАТЕШКА ИНФРАСТРУКТУРНА ПОМОШ НА UTFP Acquedotto Montescuro Ovest обнова Potabilizzatore di Conza изградба Водоснабдување Acquedotto del Sinni изградба на нов резервоар Acquedotto Molisano centrale зголемена моќност Acquedotto Molisano destro зголемена моќност Град Парма транспортен систем Град Неапол замена на шини на метро Град Болоња метро станица Град Римини - Риаконе железничка врска Транспорт Град Неапол - Каподичино изградба на метро станица Град Неапол - линија 6 изградба Град Милано - линија 5 изградба Град Терано обнова на станичниот регион Град Модена изградба BRE.BE.MI. – Бреша/Бергамо/Милано изградба на автопат Автопатишта CISA – Парма/Ла Специа изградба на автопат Арчеа – Рома/Латина норд изградба на автопат

21 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Културолошки пробив на ЈПП Советот 4П (Совет за промоција на јавно приватно партнертсво - Promotion of Public Private Partnership Council) беше основан од страна на UTFP во 2004. Организацијата ја сочинуваат претставници од јавниот и приватниот сектор. Советот и UTFP вршат истражувања, објавуваат наоди, поддржуваат форуми за дискусија за развивање на ЈПП техники. Советот исто така им дава поддршка на политичките службеници и на доносителите на одлуки во барањето и развивањето на партнерства со приватниот сектор. УПАТСТВА ЗА ЈПП е една од посебните задачи на UTFP. Целта на упатствата е да помогнат да се обезбеди успешност на идните ЈПП проекти. UTFP развива упатства за: * ЈПП тест * Анализа на ризикот и рангирање на проектите; * Приватно учество во инфраструктурата; * Споредбеник на приватниот сектор („СПС”) * Физибилити студии

22 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Развивање на вештини од областа на ЈПП Мрежата на работни групи за ЈПП („Мрежа”) беше основана од страна на UTFP. Мрежата и UTFP развиваат: Предлог решенија за подобрување на рамковните услови за ЈПП; Воедначени постапки и алатки за спроведување на ЈПП проектите; Програми за обука на претставниците на јавниот сектор

23 Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка
Спроведување на регулаторната рамка 10 ПРАВНИ ПРАШАЊА за подобрување на учеството на приватниот сектор во финансирањето, изградбата и управувањето со инфраструктурата и јавните комунални услуги. Овој документ препорачува предлог решенија во вид на „меко законодавство“ за да се отстранат главните тешккотии во националната законодавна рамка и има за цел исправно користење на шеми за ЈПП ШЕМА ЗА КОНКУРЕНТЕН ДИЈАЛОГ како можност што е достапна за избор на деловен случај од страна на јавниот сектор. Спроведување на одлуката на ЕУРОСТАТ од 11 февруари 2004 за сметководствен третман во националните сметки на договорите преземени од страна на владините органи во рамките на ЈПП.

24 Italian Infrastructure
Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Други јавни чинители “Cassa Depositi e Prestiti” società per azioni (CDP S.p.A.) е акционерско друштво кое произлегува директно од трансформацијата на јавната институција основана во 1850 год. Акционерскиот капитал е 70% во соопственост на инталијанското Министерство за економија и 30% на италијански банкарски фондации. Мисијата на ЦДП е да поттикинува развој на јавните инвестиции, на градежните работи за локална комунална инфраструктура и на поголемите јавни градежни работи од национален интерес, со што ќе се обезбеди соодветен профит за нејзините акционери, истовремено одржувајќи долгорочна финансиска и економска рамнотежа. Посебна „деловна област“ на ЦДП е посветена на финансирање на градежни работи, постројки, мрежи и опрема за давање јавни услуги. ЦДП може да прибере средства преку издавање на хартии од вредност, преку позајмување и преку други финансиски операции без државни гаранции. За да врши такви операции ЦДП може да користи средства што потекнуваат од пазарни пласмани на одредени финансиски производи Italian Infrastructure Fund Sgr

25 Кус преглед на италијанските ЈПП

26 Кус преглед на италијанските ЈПП
Пазарот на ЈПП е во постојан пораст во споредба со пазарот на јавна инфраструктура во 2007 има раст што е ист со 2006

27 Кус преглед на италијанските ЈПП
Структура на пазарот на ЈПП Концесиите за градежни работи на иницијатива на приватниот сектор е најраширената постапка како по број, така и по вредност Концесиите за услуги изнесуваат 23,6% од вредноста на вкупниот пазар Концесиите за градежни работи на иницјатива на јавниот сектор изнесуваат 12,2% од вредноста на вкупниот пазар на ЈПП Другите форми на ЈПП претставуваат само мал дел од пазарот 2006 год број вредност % % Фаза I - Претходна објава на информација (ПОИ) 474 34.67% 6,257,062,501 39.13% Фаза II – Покана за учество на тендер 128 9.36 % 3,709,129,895 23.20% Вк ПОИ + тендетр на приватна иницијатива 602 44.04% 9,966,192,396 62.33% Концесија за градежни работи по јавна иницијатива 263 19.24% 1,953,711,108 12.22% Концесии за услуги 384 28.09% 3,773,836,436 23.60% Други ЈПП 118 8.63% 295,385,127 1.85% ВКУПНО 1,367 100% 15,989,125,067 100% UTFP on infopieffe.it Data (Национална опсерваторија за ЈПП)

28 Кус преглед на италијанските ЈПП
Структура на пазарот на ЈПП Јануари – август 2007 број вредност % % Фаза I - Претходна објава на информација (ПОИ) 434 40.45% 9,252,414,966 65.72% Фаза II – покана за учество на тендер 106 9.88% 3,766,361,980 26.75% Вк ПОИ + тендетр на приватна иницијатива 540 50.33% 13,018,776,946 92.47% Концесија за градежни работи по јавна иницијатива 160 14.91% 655,051,436 4.65% Концесии за услуги 310 28.89% 284,532,172 2.02% Други ЈПП 63 5.87% 120,360,102 0.85% ВКУПНО 1,073 100% 14,078,720,656 100% Главни проекти кои ја покачуваат вредноста на ПОИ во 2007 год II семестар 2007 ANAS PINS вредност Value % 1 Патно поврзување пристаниште Анкона со главни патишта 472,100,000 11.63% 2 Патно поврзување Сан Виторе (A1) – Бојано - Кампобасо 1.460,100,000 , 35.97% 3 Патно поврзување Катаниа - Рагуса 1,268,583,843 31.25% 4 Патно поврзување Кајанело - Беневенто 708,378,318 17.45% 5 Одржување на постројки и и управување со регионалните тунели во регионот Ломбардија 150,000,000 3.70% ВКУПНО 4,059,162,161 100%

29 Кус преглед на италијанските ЈПП
Трендови на ЈПП Пазар што физиолошки успорува БРОЈ 2004 2005 2006 Јан-авг 2007 Концесии за градежни работи - На приватна иницијатива - Чл. 153 L.D. 163/06 841 750 602 540 - На јавна иницијатива- Чл. 144 L.D. 163/06 280 183 263 160 Концесии за услуги 345 506 384 310 Други ЈПП 181 260 118 63 ВКУПНО 1,647 1,699 1,367 1,073 ВРЕДНОСТ 2004 2005 2006 Јан-авг 2007 Концесии за градежни работи - На приватна иницијатива - Чл. 153 L.D. 163/06 8,373,091,089 8,600,827,804 9,966,192,396 13,018,776,946 - На јавна иницијатива- Чл. 144 L.D. 163/06 1,299,204,932 2,212,337,948 1,953,711,108 655,051,436 Концесии за услуги 2,375,834,680 4,245,291,833 3,773,836,436 284,532,172 Други ЈПП 6,509,390,247 1,817,677,214 295,385,127 120,360,102 ВКУПНО 18,557,520,948 16,876,134,799 15,989,125,067 14,078,720,656

30 Просечна вредност на ПОИ
Кус преглед на италијанските ЈПП Просечна вредност на ПОИ

31 Сектори според просечна вредност
Кус преглед на италијанските ЈПП Сектори според просечна вредност

32 обврските на UTFP за во блиска иднина
Како понатаму: обврските на UTFP за во блиска иднина

33 Како понатаму Општи прашања за во (блиска) иднина:
Пристапот кон ЈПП да се разгледува систематски. Да се избегнуваат тргни-застани политики; Да се заврши со „промената на културата“ кај јавната администрација: „од сопственост на средства до испорака на услуги”; Да се подобрат компетентноста и знаењата на јавната администрација при разгледувањето и оценката на пристапот кон ЈПП.

34 Правни прашања за во (блиска) иднина:
Како понатаму Правни прашања за во (блиска) иднина: Да се скуси времетраењето и комплексноста на фактичкиот процес на доделување на ЈПП (од три-фазна во едно-фазна постапка за јавна набавка), земајќи ги предвид можностите што од неодамна ги нуди ЕУ (т.е. постапката на конкурентен дијалог) Да се разгледа можноста да се донесе законска рамка која ќе биде скроена по мерка на договорите за ЈПП

35 Финансиски прашања за во (блиска) иднина:
Како понатаму Финансиски прашања за во (блиска) иднина: Да се зголеми ефикасноста на јавните трошоци преку намалување на авансното финансирање во полза на исплати што се засновани на достапност; Да се намали потребата од јавни грантови преку воведување на алтернативни извори на финансирање: Приватни акционерски средства (Fin.OPI, CdP SpA, банкарски финдации, специјализирани фондови – Galaxy -) Јавно учество (види Фонд за нвестиции во здраството направфено од страна на регионот Тосканија, советник Мерил Линч) Револвирачки средства, квази-акционерски и мезанин Нови финансиски алатки, во соработка со финансиските институции на ЕУ (т.е. Гарантни инструменти, финансирање преку ризичен капитал, под раководство на ЕИБ) При набавките на ЈПП, да се поврзе договорот за концесија со доказите за затвореност на финансиската конструкција; Да се спроведе секундарен пазар во ЈПП/акционерски капитал на приватна финансиска иницијатива (ПФИ)

36 Оперативни прашања за во (блиска) иднина:
Како понатаму Оперативни прашања за во (блиска) иднина: Да се применува строга проектна контрола кај проектите на ЈПП во фаза на изградба; Систематски да се врши точна проценка и алокација на ризикот Можна поголема вклученост на Комисијата на ЕУ и на ЕИБ во ЈПП (Европски центар за експертиза во ЈПП - European PPP Expertise Centre - EPEC) Потребно е да се има јасна претстава за ризикот што се пренесува на владата со операциите на ЈПП

37 КОНТАКТ UNITA’ TECNICA FINANZA di PROGETTO Претседателство на Советот на министри Централна канцеларија - Via della Mercede, 9 – Рим, Италија Тел – Факс – Габриеле ПАСКУИНИ – Правен советник Тел Моб Емаил:


Scaricare ppt "Стратегии и инструменти за развој на ЈПП"

Presentazioni simili


Annunci Google