La presentazione è in caricamento. Aspetta per favore

La presentazione è in caricamento. Aspetta per favore

„Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.“ (Фил 4,13)

Presentazioni simili


Presentazione sul tema: "„Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.“ (Фил 4,13)"— Transcript della presentazione:

1 „Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.“ (Фил 4,13)
СЛОВО НА ЖИВОТОТ Ноември 2016 „Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.“ (Фил 4,13)

2 Постојат моменти кога се чувствуваме задоволни, полни со енергија и така да сѐ ни се чини дека е лесно.

3 Има и други моменти кога нѐ преплавуваат потешкотии загорчувајќи ни ги деновите.

4 Тоа можат да бидат мали неуспеси во настојувањето да ги сакаме луѓето, кои се покрај нас или пак неспособноста со другите да го споделиме својот животен идеал.

5 Понекогаш нѐ напаѓаат болести, финансиски потешкотии, фамилијарни разочарувања, сомнежи и грижи, губење на работа или закана од војна. Сето тоа нас нѐ притиска и не гледаме излез.

6 Во тие околности дополнително сме оптоварени со чувството дека сме присилени сами да се соочуваме со искушенијата на животот, без подршка од некој кој би можел да ни помогне.

7 Малкумина се тие луѓе кои толку интензивно ги искусиле радостта и болката, успехот и недоразбирањето, како светиот апостол Павле. Тој сепак бил храбар и издржлив во својата мисија при тоа не предавајќи ѝ се на малодушноста.

8 Grecia, Filippi, i resti archeologici
“Дали тој бил супер херој? Не, тој сочувствувал со слабите, кревките и несоодветните. Неговата тајна им ја доверил на пријателите од Филипи: „Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи!“ (Фил 4,13). Grecia, Filippi, i resti archeologici

9 Ја открил постoјаната Исусова присутност во неговиот живот

10 Тој му давал сигурност, го потикнувал да оди понатаму и да се соочува со сите неволји. Потполно влегол во неговиот живот и станал негова сила.

11 Тајната на свети Павле би можела да стане и наша тајна.

12 Сѐ можам кога и во болката ќе ја препознаам и прифатам Исусовата мистична близина. Тој се поистоветува со болката и ја зема на себе.

13 Сѐ можам кога живеам во заедницата на љубовта со другите, бидејќи тогаш е Тој меѓу нас, како што ветил (Mt 18,20), така ме подржува силата на единството.

14 Сѐ можам кога ги прифаќам и живеам зборовите од Евангелието: тие ми го покажуваат патот на кој сум повикан да одам ден за ден, ме учат како да живеам и ми влеват доверба.

15 Така ќе имам сила да се соочам не само со моите лични и фамилијарни искушенија, туку и со искушенијата на светот околу себе.

16 Тоа може да изгледа наивно, утописки, бидејќи проблемите на општеството и на народот се огромни. Сепак „сѐ“ можеме во присутноста на Семоќниот. „Сѐ“ и само доброто го предвидел за мене и за другите преку мене Тој во Неговата милосрдна љубов.

17 А ако тоа не се случи веднаш, можеме и понатаму да веруваме во планот на Божјата љубов, кој ги опфаќа вечноста и секако дека ќе се исполни.

18 Доволно е да се работи „по двајца“, како што зборуваше Кјара Љубиќ: „Не можам ништо да направам во оној случај, за таа драга личност, која е во опасност или е болна, во една таква сложена ситуација...

19 Добро, ќе го направам она што Бог го сака од мене во овој момент: добро да учам, добро да чистам, добро да молам, да се грижам добро за моите деца...

20 а Бог ќе мисли како да го одврзе оној јазол, да го утеши оној кој трпи, да го реши оној неочекуван проблем..

21 Тоа е работа во совршена заедница
Тоа е работа во совршена заедница. Од нас се очекува голема вера во Божјата љубов спрема неговите деца, а според нашето делување Бог може да има доверба во нас.

22 И таа меѓусебна доверба прави чуда
И таа меѓусебна доверба прави чуда. Ќе видиме како таму каде што ние не сме стигнале стигнал некој Друг и сѐ направил неспоредливо подобро од нас.»

23 „Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.“
(Фил 4,13) Testo di Padre Fabio Ciardi OMI Grafica Anna Lollo in collaborazione con don Placido D’Omina (Sicilia, Italia) * * * Il commento alla Parola di Vita è tradotto ogni mese in 96 lingue e idiomi, e raggiunge vari milioni di persone in tutto il mondo tramite stampa, radio, TV e via internet. Per informazioni Questo PPS, in diverse lingue, è pubblicato su


Scaricare ppt "„Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.“ (Фил 4,13)"

Presentazioni simili


Annunci Google