Стратегии и инструменти за развој на ЈПП

Slides:



Advertisements
Presentazioni simili
СТАНКИ ДЛЯ ОБРАБОТКИ КРОМКИ ПАНЕЛИ КРОМКООБЛИЦОВОЧНЫЕ Villa Verucchio – 1 febbraio 2001.
Advertisements

P. Rubino, Bologna, 10 maggio Non è impegnata l'istituzione di appartenenza del relatore. 1 Piero Rubino MISE / DPS / UVAL Linee Guida per il PPP.
Chiara Carlucci - Isfol 15 giugno 2007 CDS Isfols specialised documentation centre.
Assicurare istruzione e occupazione per i disoccupati, le persone disagiate ed i rom in Bulgaria Европейски съюз Европейски социален фонд Fondo Europeo.
ASSEGNARE ATTIVITA ALLE DITTE ESTERNE. FASI E DOCUMENTAZIONE NECESSARIA Обучение за специалисти M2_UD2_2 – Documenti emissione gara_rev2 Pag. 1 di 10 M2_UD2_2.
L’approccio della Commissione Europea nei confronti dell’Open Access
Инвестирайте в България Министерство на икономиката.
Châlet S.Bernardino / Pian San Giacomo Country house in the mountains Деревенский домик в горах
PANTHEON SERVIZI CORPORATE ASSOCIATI
Prestigiosa proprietà ad Ascona Prestigious estate in Ascona Престижная недвижимость в Асконе
Didattica on line.
05/04/2017
Uso del ты e del Вы I nomi russi corsodirusso.altervista.org
Воспитатель I квалификационной категории Бойкова Наталья Владимировна
AEGEE European Students’ Forum. Il più grande Interdisciplinare In Europa Network studentesco.
La conoscenza è ricchezza...
La bioetica personalista Биоэтика персонализма
Area Funzionale: ORGANIZZAZIONE & PERSONALE DIPARTIMENTO DI MANAGEMENT DEPARTMENT OF MANAGEMENT 1 Prof. Guido GIOVANDO da pag. 252 a pag. 291.
2015 г. SVILUPPO E MIGLIORAMENTO DEL SERVIZIO SOCIALE “AFFIDAMENTO FAMILIARE” MINISTERO DEL LAVORO E DELLE POLITICHE SOCIALI Agenzia assistenza sociale.
Fund raising Le risorse di fonte pubblica Fund raising Le risorse di fonte pubblica 1.
Обзор ФЗ-261 «Об энергосбережении и о повышении энергетической эффективности…» в части требований при осуществлении муниципальных закупок. Административная.
ДИАЛЕКТИКА И ЕЕ АЛЬТЕРНАТИВЫ
Regolamentazione e tassazione
SVILUPPO E MIGLIORAMENTO DEL SERVIZIO SOCIALE “AFFIDAMENTO FAMILIARE” MINISTERO DEL LAVORO E DELLE POLITICHE SOCIALI Agenzia assistenza sociale.
Directions. Sopra- on top of, above, over Sotto- below, underneath Davanti a- in front of Dientro di- behind Dentro-inside Fuori- outside Vicino a – close.
Elementi di linguistica italiana. Le strutture dell italiano.
PST San Marino - Italia Finanza Fondo di co-investimento “Early Stage” Francesca Natali Zernike Meta Ventures.
Letteratura russa I lezione 11 La prosa nel Settecento Il sentimentalismo: A. N. Radiščev.
L’European Finance Association Annual Meeting a Lugano Conferenza stampa di presentazione Lunedì 5 maggio 2014.
Выполнили: Скрозникова Анна Мамаева Олеся. Культурные контакты являются существенным компонентом общения между народами.
Le privatizzazioni delle imprese pubbliche
TESORO BANCA CENTRALE c/c gestione corrente -> Saldo c/c Tesoreria
UNITÀ 2 Il nome e l’articolo
PLACE PARTNER’S LOGO HERE
Gli investimenti «ad impatto» Dal grant al crowdfunding
Тренер в Зеленограде. Самбо.Дзюдо.Джиу-джитсу.ММА.Бокс. Художественная гимнастика. Самооборона.Йога. Самбо.Дзюдо.Джиу-джитсу.ММА.Бокс. Художественная гимнастика.
Зеленоград. Школа спортивного дзюдо. Записаться. Заниматься. Выступать на соревнованиях. Стать чемпионом. Получить спортивный разряд и звание. 2015kallista.com.
Зеленоград. Спортивная школа дошколят. Дзюдо. Записаться. Заниматься. Сделать шаг в мир спорта. Получить спортивный разряд и звание. Стать чемпионом. Как.
Спортивные занятия в Зеленограде. Зеленоград спортивный. Спортивная школа в Зеленограде. Зеленоград спортивный. Спортивная школа в Зеленограде. Спортивные.
Москва. Дзюдо для детей, для тренера. Москва. Дзюдо для детей, для тренера. Дзюдо. Москва. Дзюдо интернет магазин. Москва. Дзюдо интернет магазин. Москва.
Книги по дзюдо из Японии. Книги по дзюдо из Японии. Judo NEWAZA of Koji Komuro KOMLOCK. Техника борьбы лёжа от Коджи Комуро. Judo NEWAZA of Koji Komuro.
Спортивные секции для детей в ЗЕЛЕНОГРАДЕ. Зеленоград школа единоборств Каллиста. 2015kallista.com ЗАПИСАТЬСЯ. ЗАНИМАТЬСЯ. СТАТЬ ЧЕМПИОНОМ. ЗАПИСАТЬСЯ.
Зеленоград. Боевые искусства ушу. 吴叔吴叔 Директор - +7(916) Тренер - +7(915) Приглашаем детей от 6ти лет и взрослых.
C programming language
ВУЛКАНИ Маја Крмар Анђела Антанасијевић 1-2.
Назив рада Радујмо се снегу -обрада песме по слуху
Хуманизам и ренесанса.
TOUR ITALIANO ATTRAZIONE INVESTIMENTI 1° TAPPA LA FARNESINA E IL RUOLO DI AMBASCIATE E CONSOLATI Roma – 11 luglio 2018.
La valutazione degli investimenti
PMI - Private Equity – Manager
СЛОВА ЖЫЦЦЯ Студзень 2012.
La Farnesina e il ruolo di Ambasciate e Consolati
Il ruolo di Cassa Depositi e Prestiti
Partecipazioni dirette Partecipazioni indirette
“Даруй крыўду бліжняму твайму, і тады па малітве тваёй даруюцца грахі твае” (Сiр 28, 2) Слова Жыцця Кастрычнiк 2016.
СЛОВА ЖЫЦЦЯ Снежань 2014.
29/01/2019.
М. Аврамова ОУ „Св. Св. Кирил и Методий“ гр. Силистра.
М. Аврамова ОУ „Св. Св. Кирил и Методий“ гр. Силистра.
Слова Жыцця Сакавiк 2012.
Слова Жыцця Красавiк 2013.
Слова Жыцця, штосцi новае К'яра Любіч i о. Фабiа Чардзi
СЛОВO ЖЫЦЦЯ Лiпень 2014.
„Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.“ (Фил 4,13)
Школа итальянского языка в Москве
ЗЕЛЕНОГРАД ДЗЮДО ШКОЛА ДЕТСКОГО ДЗЮДО В ЗЕЛЕНОГРАДЕ С 3 ЛЕТ Спортивная школа дошколят Каллиста. Эта программа базируется на ранее созданной у нас в центре.
ШКОЛА ЕДИНОБОРСТВ В ЗЕЛЕНОГРАДЕ ЦЕНТР ЕДИНОБОРСТВ КАЛЛИСТА
БОРЬБА САМБО. Техника бросков. БРОСОК БОКОВОЙ ПЕРЕВОРОТ
Transcript della presentazione:

Стратегии и инструменти за развој на ЈПП Габриеле Паскуини Работна група за ЈПП, Претседателство на советот на Министри, Италија Модели и стратегии за јавно-приватно партнерство (ЈПП): искуства од Италија Регионална работилница за концесии / Јавно-приватни партнерства Тирана, 11-12 декември 2007 1

Содржина Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите Измени во законодавната рамка за ЈПП (2006 - 2007) Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Кус преглед на италијанските ЈПП Како понатаму: обврски на UTFP за во блиска иднина

Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите

Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите 2000 Толковно соопштение за концесиите согласно Законодавството на Заедницата 2003 Упатства за успешни ЈПП – Европска комисија – ДГ Регио 2004 Одлука на ЕУРОСТАТ за сметководствен третман на ЈПП Директиви на ЕУ со кои се координираат постапките за доделување на јавните договори Зелена книга за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни договори и концесии Бела книга за услугите од јавен интерес 2005 Соопштение на ЕУ за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни набавки и концесии 2006 Резолуција на Европскиот парламент за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни набавки и концесии

Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите Одлука на ЕУРОСТАТ за сметководствен третман на ЈПП (2004) Средствата вклучени во ЈПП треба да се класифицирани како невладини средства и според тоа да се водат вон билансот на состојба за владата ако двата следни услови се исполнети: Приватниот партнер го сноси градежниот ризик, и Приватниот партнер сноси барем еден од следниве ризици: ризикот за достапност или ризикот за побарувачка „Градежен ризик” покрива настани како што се задоцнета достава, непочитување на стандардите од спецификацијата, дополнителни трошоци, технички недостатоци и надворешни негативни ефекти „Ризик на достапност” при што партнерот може да се најде во состојба да не може да го испорача договорениот обем или да не може да исполни стандарди за безбедност или јавно сертифицирање во врска со давањето услуги на крајните корисници, онака како што е наведено во договорот „Ризик на побарувачка” покрива варирање кај побарувачката (погоелма или помала од очекуваната) без оглед на управувањето од страна на приватниот партнер

Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите Зелена книга за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни договори и концесии( 2004) Дефинирање на ЈПП: форми на соработка помеѓу јавните власти и деловниот сектор чија цел е да се обезбеди финанисирање, изградба, реновирање управување или одржување на инфраструктура или давање на услуга Зелената книга обработува различни теми кои се директно поврзани со аспектот на јавни набавки на ЈП, особено: Рамката за постапката за избор на приватниот партнер и, особено, предностите во овој контекст на постапката на конкурентен дијалог која е воведена со новата Директива за јавни набавки Основање на ЈПП на иницијатива на приватниот сектор Договорната рамка и измени на договорот во текот на трењето на ЈПП Под-договарање

Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите Соопштение на ЕУ за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни набавки и концесии (2005) „ЈПП не се волшебното решение: за секој проект неопходно е да се процени дали партнерството навистина додава вредност на конкретната услуга или јавна работа што е во прашање, во споредба со другите опции, како на пример склучување на потрадиционални договори” Класификација на ЈПП Договорни ЈПП Доделување на концесија Институционални ЈПП Преземање на заеднички потфат кој ќе биде во заедничка сопственост на јавен и приватен партнер со цел да се испорачуваат јавни услуги „Консултацијата (т.е. Зелената книга) покажа потреба од стабилно, конзистентно правно опкружување за доделување на концесии на ниво на ЕУ, особано за да се намалат трансакционите трошоци (преку намалување на законодавниот ризик) и општо земено за да се зголеми конкуренцијата” Последователни мерки на полето на ЈПП

Законодавна рамка на ЕУ: фокусирање на чекорите Резолуција на Европскиот парламент за ЈПП и законодавството на Заедницата за јавни набавки и концесии (2006) „Ја повикува Комисијата сериозно да ги земе предвид регионалните интереси и да вклучи претставници како на регионалните, така и на локалните интереси при подготовката на идните правила” „Се противи на создавањето на посебен правен режим за ЈПП но цени дека постои потреба од законодавни иницијативи од областа на концесиите и од појаснување во врска со институционализираните ЈПП (ИЈПП)” „Се противи на создавањето на Европска агенција за ЈПП, но поздравува други начини на споделување на искуства во врска со најдобрите и најлошите практики, како што се создавањето мрежи од национални и регионални органи, одговорни за управување со ЈПП” Ја повикува комисијата да го појасни условот на „правна и финансиска сложеност“ под кој може да се усвои шема на конкурентен дијалог Смета цека сеопфатниот пристап кон набавките (концептот на животен циклус) и конкуренцијата помеѓу понудувачите, во смисла на иновација, води до подобрување на ефикасноста кога проектите се спроведуваат заеднички, кога поделбата на ризикот се оптимизира и кога има функционални спецификации и високо мотивирачки механизам за плаќање

Измени во законодавната рамка за ЈПП (2006 - 2007)

Измени во законодавната рамка за ЈПП (2006 - 2007) Законодавен декрет бр. 163/2006 „Јавни набавки консолидиран текст” Со новите прописи се применуваат Директивите на ЕУ за јавни набавки (17&18/2004) и се заменува претходниот комплет регулатива, на тој начин консолидирајќи ја во 257 члена законодавната рамка во врска со јавните работи, услуги и стоки, како во традиционалните, така и во посебните активности ЧЛ. 30 Дефиниција на концесија за услуги ЧЛ. 58 Конкурентен дијалог. Флексибилна постапка за доделување на технички, правни или финансиски сложени договори која е особено прикладна за шеми на ЈПП ЧЛ. 61 Посебни постапки за развој на инфраструктура за домување преку шема на ЈПП ЧЛ. 142 Концесија по јавна иницијатива ЧЛ. 153 Концесија по приватна иницијатива 8

Измени во законодавната рамка за ЈПП - 2006 Закон бр. 286/2006 и Закон за Буџет 2007 - „Нови прописи за договор за концесија за автопатишта” Тие прописи претставуваат валиден образец за кој било договор за концесија: Одредби за наменско јавно тело за следење и контрола на обврските на концесионерите во целиот тек на концесијата Одредби за широк спектар на казни во врска со различни степени на неисполнување на обврските, сè до одземање на целата концесија Обелоденување на постојните екстра профити поврзани со искористување на секундарни активности Поврат на екстра профитите што не се директно поврзани со ризикот што фактички го презел концесионерот. Зголемување на тарифите директно поврзано и пропорционално со планираните и фактички направените инвестиции Закон за буџет 2007 – Лизинг Воведување на лизингот како средство што стои на располагање за реконструкција, набавка, управување или одржување на инфрасттруктурата. 8

Измени во законодавната рамка за ЈПП - 2007 Закон бр. 223/2006 и Декрет на Претседателот на Советот на министри 1/31/2007 Пренесување на UTFP од Минстерството за еконимија и финансии на Советот на министри по пренесувањето на Меѓу-министерскиот комитет за финансиско планирање (CIPE) 8

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Изјави за политиките 2000-2003 Документ за економско и финансиско планирање „Вклучувањето на приватниот сектор во финанисрањето, изградбата и раководењето со инфраструктурата и со јавните услуги од областа на комуналните дејности е приоритет за југот на Италија и за остатокот од земјата“. Се признава дека учеството на приватниот сектор (УПС) во јавните услуги воведува подобри вештини за проектирање, изградба и управување, со што се подобрува квалитетот на услугите што им се нудат на крајните корисници. 2001-2004 Документ за економско и финансиско планирање Владата очекува да финансира над 9 милијарди евра на нова инфраструктура преку приватни средства. Од приватниот сектор се учекува да обезбеди финансирање и преку заеми и преку акционерски капитал 2002-2006 Документ за економско и финансиско планирање Силен акцент на инвестициите во инфраструктура, како еден од главните двигатели на економскиот раст Се очекува приватниот сектор да одигра водечка улога во изградбата, финансирањето и управувањето со новата инфраструктура, придонесувајќи со повеќе од 25 милијарди евра во период од пет години Дополнителен напредок во либерализацијата и приватизацијата на јавните услуги. 2007-2011 Документ за економско и финансиско планирање „Со оптимизирање на приватното ко-финансирање и прилагодување на тарифите ќе се овозможи да се предвидат или прошират приоритетите“ 2008-2011 Документ за економско и финансиско планирање „Неопходно е – во рамките на ограничувањата на достапните финансиски ресурси – да се развие регулаторна рамка во соработка со регионалната регулаторна рамка за да се започнат стратешки програми, главно насочени кон зголемување на понудата на станбен простор, кој ќе се изгради не само со јавни средства, туку исто така и преку ЈПП“ 8

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Работната група – организација Инспирирана од работната група PFI од Обединетото Кралство Основана со закон Претходни консултации со главните инволвирани партнери Група од 15 професионалци Правна, финансиска, техничка експертиза, избрана и од приватниот и од јавниот сектор. 8

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Работната група - Мисија Образовна улога Промовирање на техники за ЈПП Развој на методологија на ЈПП Идентивикување на успешни ЈПП проекти што треба да се повторат База на податоци за успешни ЈПП зделки Улога за помагање Помош од областа на ЈПП за централните, регионалните и локалните власти Од идентификација на соодветни проекти до оценка на понудите Интер-дисциплинарни вештини и експертиза Улога на „креирање политики“ Подобрување на законодавната рамка „Најдобри практики“ (стандардизација на практиките и договорите) 8

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка НАШИТЕ РЕЗУЛТАТИ Дефинирање на сет од успешни искуства Промовирање на „културолошки“ пробив на ЈПП Развивање на вештини за ЈПП на посветените службеници на сите владини нивоа Спроведување на регулаторната рамка „10 ПРАВНИ ПРАШАЊА” ПИЛОТ ПРОЕКТИ „СОВЕТ ЗА 4П” Мрежа на работни групи за ЈПП УПАТСТВА ЗА ЈПП ШЕМА ЗА КОНКУРЕНТЕН ДИЈАЛОГ ЕУРОСТАТ

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Успешни искуства ПИЛОТ ПРОЕКТИ чија цел е да го поддржат промовирањето на техниките на ЈПП. Ова е една од главните активности на UTFP и со неа се развиваат избрани пилот проекти на национално ниво. UTFP ги придружувал пилот проектите, придонесувајќи и документирајќи го искуството од проектите, помагајќи да се решат прашањата) правни, финансиски, итн) што се појавувале за време на проектниот процес и со тоа давајќи резултати за следни ЈПП проекти. Проектите што беа избрани се: Салерно – Реџио Калабрија (Автопат); Интермодални терминали Рим-Неапол-Милано (логистички инфраструктури); Торино – Лионе (железница); Квадрилатеро Марче – Умбрија (автопат).

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Помош за ЈПП за централните, регионалните и локалните власти UTFP има за цел да промовира техники на ЈПП на сите нивоа. Почитувајќи ги законите, „на нивно барање“ им дава поддршка на властите во која било фаза од постапката: Тригодишно планирање на инфраструктурата Оценка на предлозите (правна, финансиска, итн.) Подготовка на понуди Договорни спогодби Спроведување на договорот Помеѓу јуни 2004 и декември 2006 UTFP им помогна на 74 јавни власти и поддржа 110 проекти. Барањата дојдоа: 84% од локални власти 9% од регионални власти 7% од централните власти Помогнати се повеќе од 330 проекти од основањето на UTFP од 2000 год

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Стратешка инфраструктурна помош 2005-2006 АКТИВНОСТ СТРАТЕШКА ИНФРАСТРУКТУРНА ПОМОШ НА UTFP Acquedotto Montescuro Ovest обнова Potabilizzatore di Conza изградба Водоснабдување Acquedotto del Sinni изградба на нов резервоар Acquedotto Molisano centrale зголемена моќност Acquedotto Molisano destro зголемена моќност Град Парма транспортен систем Град Неапол замена на шини на метро Град Болоња метро станица Град Римини - Риаконе железничка врска Транспорт Град Неапол - Каподичино изградба на метро станица Град Неапол - линија 6 изградба Град Милано - линија 5 изградба Град Терано обнова на станичниот регион Град Модена изградба BRE.BE.MI. – Бреша/Бергамо/Милано изградба на автопат Автопатишта CISA – Парма/Ла Специа изградба на автопат Арчеа – Рома/Латина норд изградба на автопат

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Културолошки пробив на ЈПП Советот 4П (Совет за промоција на јавно приватно партнертсво - Promotion of Public Private Partnership Council) беше основан од страна на UTFP во 2004. Организацијата ја сочинуваат претставници од јавниот и приватниот сектор. Советот и UTFP вршат истражувања, објавуваат наоди, поддржуваат форуми за дискусија за развивање на ЈПП техники. Советот исто така им дава поддршка на политичките службеници и на доносителите на одлуки во барањето и развивањето на партнерства со приватниот сектор. УПАТСТВА ЗА ЈПП е една од посебните задачи на UTFP. Целта на упатствата е да помогнат да се обезбеди успешност на идните ЈПП проекти. UTFP развива упатства за: * ЈПП тест * Анализа на ризикот и рангирање на проектите; * Приватно учество во инфраструктурата; * Споредбеник на приватниот сектор („СПС”) * Физибилити студии

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Развивање на вештини од областа на ЈПП Мрежата на работни групи за ЈПП („Мрежа”) беше основана од страна на UTFP. Мрежата и UTFP развиваат: Предлог решенија за подобрување на рамковните услови за ЈПП; Воедначени постапки и алатки за спроведување на ЈПП проектите; Програми за обука на претставниците на јавниот сектор

Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Спроведување на регулаторната рамка 10 ПРАВНИ ПРАШАЊА за подобрување на учеството на приватниот сектор во финансирањето, изградбата и управувањето со инфраструктурата и јавните комунални услуги. Овој документ препорачува предлог решенија во вид на „меко законодавство“ за да се отстранат главните тешккотии во националната законодавна рамка и има за цел исправно користење на шеми за ЈПП ШЕМА ЗА КОНКУРЕНТЕН ДИЈАЛОГ како можност што е достапна за избор на деловен случај од страна на јавниот сектор. Спроведување на одлуката на ЕУРОСТАТ од 11 февруари 2004 за сметководствен третман во националните сметки на договорите преземени од страна на владините органи во рамките на ЈПП.

Italian Infrastructure Активности на UTFP „на теренот”: институционална рамка Други јавни чинители “Cassa Depositi e Prestiti” società per azioni (CDP S.p.A.) е акционерско друштво кое произлегува директно од трансформацијата на јавната институција основана во 1850 год. Акционерскиот капитал е 70% во соопственост на инталијанското Министерство за економија и 30% на италијански банкарски фондации. Мисијата на ЦДП е да поттикинува развој на јавните инвестиции, на градежните работи за локална комунална инфраструктура и на поголемите јавни градежни работи од национален интерес, со што ќе се обезбеди соодветен профит за нејзините акционери, истовремено одржувајќи долгорочна финансиска и економска рамнотежа. Посебна „деловна област“ на ЦДП е посветена на финансирање на градежни работи, постројки, мрежи и опрема за давање јавни услуги. ЦДП може да прибере средства преку издавање на хартии од вредност, преку позајмување и преку други финансиски операции без државни гаранции. За да врши такви операции ЦДП може да користи средства што потекнуваат од пазарни пласмани на одредени финансиски производи Italian Infrastructure Fund Sgr

Кус преглед на италијанските ЈПП

Кус преглед на италијанските ЈПП Пазарот на ЈПП е во постојан пораст во споредба со пазарот на јавна инфраструктура во 2007 има раст што е ист со 2006

Кус преглед на италијанските ЈПП Структура на пазарот на ЈПП - 2006 Концесиите за градежни работи на иницијатива на приватниот сектор е најраширената постапка како по број, така и по вредност Концесиите за услуги изнесуваат 23,6% од вредноста на вкупниот пазар Концесиите за градежни работи на иницјатива на јавниот сектор изнесуваат 12,2% од вредноста на вкупниот пазар на ЈПП Другите форми на ЈПП претставуваат само мал дел од пазарот 2006 год број вредност n° % € % Фаза I - Претходна објава на информација (ПОИ) 474 34.67% 6,257,062,501 39.13% Фаза II – Покана за учество на тендер 128 9.36 % 3,709,129,895 23.20% Вк ПОИ + тендетр на приватна иницијатива 602 44.04% 9,966,192,396 62.33% Концесија за градежни работи по јавна иницијатива 263 19.24% 1,953,711,108 12.22% Концесии за услуги 384 28.09% 3,773,836,436 23.60% Други ЈПП 118 8.63% 295,385,127 1.85% ВКУПНО 1,367 100% 15,989,125,067 100% UTFP on infopieffe.it Data (Национална опсерваторија за ЈПП)

Кус преглед на италијанските ЈПП Структура на пазарот на ЈПП - 2007 Јануари – август 2007 број вредност n° % € % Фаза I - Претходна објава на информација (ПОИ) 434 40.45% 9,252,414,966 65.72% Фаза II – покана за учество на тендер 106 9.88% 3,766,361,980 26.75% Вк ПОИ + тендетр на приватна иницијатива 540 50.33% 13,018,776,946 92.47% Концесија за градежни работи по јавна иницијатива 160 14.91% 655,051,436 4.65% Концесии за услуги 310 28.89% 284,532,172 2.02% Други ЈПП 63 5.87% 120,360,102 0.85% ВКУПНО 1,073 100% 14,078,720,656 100% Главни проекти кои ја покачуваат вредноста на ПОИ во 2007 год II семестар 2007 ANAS PINS вредност Value % 1 Патно поврзување пристаниште Анкона со главни патишта 472,100,000 11.63% 2 Патно поврзување Сан Виторе (A1) – Бојано - Кампобасо 1.460,100,000 , 35.97% 3 Патно поврзување Катаниа - Рагуса 1,268,583,843 31.25% 4 Патно поврзување Кајанело - Беневенто 708,378,318 17.45% 5 Одржување на постројки и и управување со регионалните тунели во регионот Ломбардија 150,000,000 3.70% ВКУПНО 4,059,162,161 100%

Кус преглед на италијанските ЈПП Трендови на ЈПП 2004-2007 Пазар што физиолошки успорува 2004 - 2007 БРОЈ 2004 2005 2006 Јан-авг 2007 Концесии за градежни работи - На приватна иницијатива - Чл. 153 L.D. 163/06 841 750 602 540 - На јавна иницијатива- Чл. 144 L.D. 163/06 280 183 263 160 Концесии за услуги 345 506 384 310 Други ЈПП 181 260 118 63 ВКУПНО 1,647 1,699 1,367 1,073 2004 - 2007 ВРЕДНОСТ 2004 2005 2006 Јан-авг 2007 Концесии за градежни работи - На приватна иницијатива - Чл. 153 L.D. 163/06 8,373,091,089 8,600,827,804 9,966,192,396 13,018,776,946 - На јавна иницијатива- Чл. 144 L.D. 163/06 1,299,204,932 2,212,337,948 1,953,711,108 655,051,436 Концесии за услуги 2,375,834,680 4,245,291,833 3,773,836,436 284,532,172 Други ЈПП 6,509,390,247 1,817,677,214 295,385,127 120,360,102 ВКУПНО 18,557,520,948 16,876,134,799 15,989,125,067 14,078,720,656

Просечна вредност на ПОИ Кус преглед на италијанските ЈПП Просечна вредност на ПОИ

Сектори според просечна вредност Кус преглед на италијанските ЈПП Сектори според просечна вредност

обврските на UTFP за во блиска иднина Како понатаму: обврските на UTFP за во блиска иднина

Како понатаму Општи прашања за во (блиска) иднина: Пристапот кон ЈПП да се разгледува систематски. Да се избегнуваат тргни-застани политики; Да се заврши со „промената на културата“ кај јавната администрација: „од сопственост на средства до испорака на услуги”; Да се подобрат компетентноста и знаењата на јавната администрација при разгледувањето и оценката на пристапот кон ЈПП.

Правни прашања за во (блиска) иднина: Како понатаму Правни прашања за во (блиска) иднина: Да се скуси времетраењето и комплексноста на фактичкиот процес на доделување на ЈПП (од три-фазна во едно-фазна постапка за јавна набавка), земајќи ги предвид можностите што од неодамна ги нуди ЕУ (т.е. постапката на конкурентен дијалог) Да се разгледа можноста да се донесе законска рамка која ќе биде скроена по мерка на договорите за ЈПП

Финансиски прашања за во (блиска) иднина: Како понатаму Финансиски прашања за во (блиска) иднина: Да се зголеми ефикасноста на јавните трошоци преку намалување на авансното финансирање во полза на исплати што се засновани на достапност; Да се намали потребата од јавни грантови преку воведување на алтернативни извори на финансирање: Приватни акционерски средства (Fin.OPI, CdP SpA, банкарски финдации, специјализирани фондови – Galaxy -) Јавно учество (види Фонд за нвестиции во здраството направфено од страна на регионот Тосканија, советник Мерил Линч) Револвирачки средства, квази-акционерски и мезанин Нови финансиски алатки, во соработка со финансиските институции на ЕУ (т.е. Гарантни инструменти, финансирање преку ризичен капитал, под раководство на ЕИБ) При набавките на ЈПП, да се поврзе договорот за концесија со доказите за затвореност на финансиската конструкција; Да се спроведе секундарен пазар во ЈПП/акционерски капитал на приватна финансиска иницијатива (ПФИ)

Оперативни прашања за во (блиска) иднина: Како понатаму Оперативни прашања за во (блиска) иднина: Да се применува строга проектна контрола кај проектите на ЈПП во фаза на изградба; Систематски да се врши точна проценка и алокација на ризикот Можна поголема вклученост на Комисијата на ЕУ и на ЕИБ во ЈПП (Европски центар за експертиза во ЈПП - European PPP Expertise Centre - EPEC) Потребно е да се има јасна претстава за ризикот што се пренесува на владата со операциите на ЈПП

КОНТАКТ UNITA’ TECNICA FINANZA di PROGETTO Претседателство на Советот на министри Централна канцеларија - Via della Mercede, 9 – 00187 Рим, Италија Тел. +39 06 6779 6394 – Факс. +39 06 6779 6573 – www.utfp.it Габриеле ПАСКУИНИ – Правен советник Тел. +39 06 6779 6534 Моб. + 39 335 58.58.313 Емаил: g.pasquini@governo.it